Украинскиот олигарх Вадим Јермолаев, еден од најбогатите Украинци и политички противник на претседателот Зеленски, е тешко ранет при експлозија на бомба во Монако.
Ова е првиот терористички напад во историјата на кнежевството.
При експлозијата тешко е ранета неговата сопруга, а полесно нивниот 13-годишен син. Полицијата трага по лицето што ја поставило бомбата со клинци и сачми за да биде поубиствена.
Јермолаев се збогатил од бизнис со недвижности, а во 2019 година финансирал кампања на политички противници на Зеленски. Во 2023 година Зеленски потпиша декрет со кој се воведува десетгодишно замрзнување на имотот на Јермолаев, поради „продажба на алкохол на Крим“.
Украинскиот новинар Анатолиј Шариј, кој и самиот преживеа бомбашки напад, тврди дека Јермолаев ја управувал мрежата од кол-центри преку кои се спроведувале шеми за измама на граѓани на ЕУ. Санкциите му биле воведени кога одбил да плати голема сума пари за заштитата што ја добивал од државната служба за безбедност (СБУ).
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.