- Меѓународната агенција за атомска енергија е загрижена за безбедноста на нуклеарната централа Запорожје откако Русија ја обвини Украина за последниот напад со дрон натоварен со експлозив.
- Запорожје е во руски раце од почетокот на војната.
- Експлозијата уништила дел од пат меѓу двата главни влеза во централата на локација близу до клучните објекти.
- „Безбедноста на Запорожје се влошува,“ предупреди агенцијата и повика на максимална воздржаност на двете страни.
- Владата прогласи кризна состојба од 30 дена на целата територија на Македонија поради зголемената појава на пожари.
- „Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции - Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите човечки, технички, логистички и други ресурси“, изјави портпаролката Марија Митева.
- Владата ќе обезбеди помош за сите засегнати подрачја за да се спречат поголеми последици. Ги повика граѓаните да бидат максимално внимателни и да ги почитуваат сите препораки и забрани.
- До 12.30 часот имало 9 активни и еден локализиран пожар на отворено, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).