- На факултетите на најголемиот државен Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ каде студирањето законски треба да биде бесплатно, се разгледува предлогот за зголемување на партиципацијата. Во моментот студентите плаќаат по 100 евра од семестар, а во приватна квота по 200 евра семестар. Најавите се дека оваа сума ќе се зголеми двојно.
- Сите трошоци за работа се покачени, се одржуваат вежби на факултетите кои се скапи и тоа е основната причина, вели Биљана Ангелова, ректор на УКИМ.
- „Мислам дека ако ова се случи многу матуранти од другите градови воопшто нема да се запишат на факултет и ќе почнат да работат, бидејќи немаат сите по 400 евра годишно за државна квота, тоа е премногу“, вели за РСЕ студентка од правниот факултет.
- Во мало француско гратче утре се одржуваат не баш историски избори кои сепак добија глобален публицитет.
- Во трката за градоначалник на Арсис-сур-Об за реизбор за бори Хитлер а противкандидат му е Зјелински.
- Шарл Хитлер е навикнат на мајтап со неговото презиме и цртање мустаќи на постерите но малку му е незгодно кога ќе прочита дека 37% од неговото место се Хитлеровци.
- Францускиот Хитлер е центрист додека оној спроти него, 28 годишниот Антоан Рено Зјелински е од крајно-десничарскиот патриотски блок.
- Хитлер објаснува дека му е криво што вниманието е свртено само околу презимињата на кандидатите а не нивните политики.
- Самото место во кое живеат само 2.785 жители името го добило по едно место близу Одеса во Украина, каде во 1814 се одвивала една од битките на Наполеон.
- Европската унија од 1 јули годинава воведува нова фиксна давачка за мали пратки со вредност под 150 евра, мерка што директно ќе ги погоди и пратките од платформи како ТЕМУ и АлиЕкспрес.
- Давачката ќе изнесува три евра по пратка а до ноември се најавува и дополнителна такса „за обработка“.
- Лани 5,8 милијарди мали пратки со ниска вредност испратени директно до потрошувачите влегле во ЕУ. Над 90 проценти доаѓаат од Кина.