- Сè почести се реакциите во кои јавноста бара ослободување на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која служи затворска казна од четири години за случајот ,,Тенк”, односно за набавката на мерцедесот на Груевски.
- Јанкуловска и покрај тоа што е жена и мајка на мало дете, се држела многу ,,помашки” од останатите обвинети, од кои дел побегнаа, а пак дел успешно се извлекуваат од обвиненијата.
- „Добредојдени се реакциите на граѓаните, посебно бидејќи во изминатите години имаше само малициозни коментари за Гордана“ вели Влатко Илиевски за својата сопруга која беше одведена во затвор кога нивниот син имаше две години.
- Мерцедесот за кој лежи Јанкуловска сè уште се користи а последен во него се возеше германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.
- Одборот за мир на Доналд Трамп добил само мал дел од 17-те милијарди долари ветени за обнова на Газа.
- Од десет земји кои ветија средства, платиле само Обединетите Арапски Емирати, Мароко и САД. Собраната сума е под 1 милијарда долари – помалку од членарината за секоја земја што ја најави Трамп.
- За реконструкција на Газа, каде што четири петтини од зградите беа уништени во двегодишните израелски бомбардирања, ќе бидат потребни околу 70 милијарди долари. според проекциите на глобалните институции.
- Поради проблемите со финансирањето, новоформираниот Национален комитет за администрација на Газа (NCAG), не може да ја преземе контролата врз регионот од Хамас. Според мировниот план, Комитетот на чело со Али Шаат Хамас треба да ги управува министерствата и полициските сили.
- Четворицата астронаути на НАСА утрово безбедно се спуштија на Земјата, по десетдневната мисија Артемис 2 околу Месечината.
- Нивната капсула „Орион“ ги издржа огромните температури од брзото навлегување во земјината атмосфера и се спушти со падобран во Пацификот, покрај брегот на Калифорнија.
- „Стабилни сме“, објави командантот на мисијата Рид Вајзман. Тој и другите астронаути – Виктор Гловер, Кристина Кох и Канаѓанецот Џереми Хансен, ќе поминат низ неколкудневни детални медицински прегледи.
- При влегувањето во атмосферата, екипажот леташе 32 пати побрзо од звукот (побрзо од кој било човек досега), а нивната капсула беше изложена на температура од 2.760 Целзиусови степени – практично беше обвиткана во оган, поради што во критични 6 минути немало никаков контакт со Контролата на мисијата. Падобраните ја намалиле брзината на слободниот пад на 25 километри на час.
- При мисијата за обиколување на Месечината, екипажот на НАСА стаса 406.778 километри од Земјата, подалеку од кој било човек досега, и направи детални снимки од нејзината „скриена“ страна.
- НАСА в година ќе ја спроведе мисијата Артемис 3, во која ќе тестира екипаж со лендери во орбита, како конечна подготовка за мисијата Артемис 4, кое опфаќа спуштање астронаути на Месечината, прв пат по 1972 година. Во трка е со Кина, која планира да испрати свои „таиконаути“ на Месечината до 2030 година.