Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Австралија го обвини Telegram за промовирање тероризам

30 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Австралискиот регулатор за интернет покрена правна постапка против платформата за пораки Telegram поради „пропусти во модерирањето објави што промовираат тероризам“, за што е предвидена парична казна до 54,6 милиони австралиски долари.
  • Комесарката Џули Инман Грант изјави дека од платформата не биле отстранети снимки од терористичките напади и масовните пукања во Крајстчрч во Нов Зеланд и Бафало во САД. Од евидентирани 12 објави со „протерористичка содржина“, вклучувајќи три со „терористичка содржина“, на платформата останале 10 и не биле суспендирани профилите на кои бил објавен материјалот.
  • Портпарол на Телеграм ги отфрла обвинувањата. Истакна дека само во текот на оваа година платформата лоцирала илјадници екстремистички корисници и групи.
  • Само еден ден претходно Москва објави меѓународна потерница по основачот и директорот на Telegram, Павел Дуров, обвинувајќи го дека неговата платформа олеснува терористички активности и напади врз Русија. И Франција води истрага против Telegram и Дуров.
  • Тој се умори од отфрлање на обвиненијата. Неколку часа по обвинението од Русија, ја смени својата профилна слика на Telegram со мимот од 2017 година, на кој е прикажан како исламистички терорист.
извор

Офлајн мапи за по шуми и вукојебини

19 август 2026
  • Share
  • Post
  • На оние што пешки или со точак шпартаат по шумски и планински патеки каде што нема интернет или достапен мобилен сигнал, апликацијата може да им биде доста корисна. 
  • Таа комбинира детални мапи, планирање рути, ГПС навигација и следење на активностите, додека ја прикажува моменталната позиција директно на мапата, и сето тоа може да работи офлајн.
  • Планерот прави разлика помеѓу повеќе начини на патување, па за возење велосипед можете да изберете помеѓу туристичко, планинско и друмско возење, додека пешачките рути може да се прилагодат за да им се даде приоритет на планинарските патеки.
  • За планираните рути се прикажуваат растојанието, проценетото времетраење и висинскиот профил, за да можете да процените колку е тешка избраната рута.
извор

Почина Ведрана Рудан

18 август 2026
  • Share
  • Post
  • После долга, тешка и исцрпувачка битка со ракот, на 77 години почина Ведрана Рудан, најострото перо и јазик на хрватската јавна сцена.
  •  Беше новинарка, колумнистка и општествена критичарка, со урнебесно добри книги како „Уво, грло, нож“, „Љубов на последен поглед“, „Црнци во Фиренца,“ „Дабогда мајка те родила...“
  • На нејзиниот официјален профил пишува дека „се пресели во подрачје без сигнал“.
  • Својата битка со карциномот ја споделуваше со јавноста: Не жалам за ништо.
  • Ја имавме на сајт многупати и по разни поводи, секогаш остра, бескомпромисна и незгодно искрена. Алал.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Уште колку вакви сцени ни се потребни да се сетиме дека сме исто семејство?

Разно
2

Душманско боксување на средношколски фудбалски меч

Фудбал
3

Има логика

Балканштина
4

Наслов на денот

Македонштина
5

Живот со опасни комшии

Балканштина
6

Во земјата која си го продаде името, сè е на продажба

Македонштина
7

Финската економија во слободен пад

Бизнис
8

Преживеани од ерата на Заев

Македонски рулет
1

Финската економија во слободен пад

Бизнис
2

Трамп размислува за нуклеарка за Иран?

Свет
3

Што би правеле мигранти во англиско село ако нема бордел?

Љубов и секс
4

Почина Ведрана Рудан

5

Хју Хефнер со години џабе го кажувал Епстин на ФБИ

Разно
6

Офлајн мапи за по шуми и вукојебини

7

Премостување на сообраќајниот хаос

Урбан
8

Вештачката интелигенција ќе ја уништи економијата

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

На крајот си ја расипа петката

Македонштина

После првите три реда, почнуваат проблемите

Балканштина

Има логика

Македонштина

Наслов на денот

Балканштина

Живот со опасни комшии

Македонштина

Во земјата која си го продаде името, сè е на продажба

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Невено бре!

Сонот на секоја спонзоруша

Ќефот на стареењето

Учете, големи, учете!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy