Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Авиосообраќај: Ќе се субвенционираат дестинации наместо компании

29 август 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Владата донела одлука за субвенционирање на авиосообраќајот по дестинации, а не како досега по авиокомпании, соопшти министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

  • „Досега се субвенционираше по патник на заминување од Македонија, а отсега ќе субвенционираме по патник на доаѓање во Македонија. Целта е да носиме луѓе, туристи, на поевтин начин. Второ, ако претходно беше 7 евра по патник на заминување, сега субвенцијата ќе биде 9 евра по патник на доаѓање на Скопскиот аеродром. Ако претходно беше по 4 евра од Охридскиот аеродром, сега со стимулирање на туризмот, ќе биде 12 евра по заминат патник од овој аеродром“, кажа Николоски.

  • Субвенциите за новите дестинации ќе може да има и за линии надвор од ЕУ.

  • Мотив за промените е да се намали зависноста од една компанија, како што е унгарскиот нискобуџетен превозник „Визер“ кој држи над 60 проценти од целиот авиосообраќај на двата македонски аеродрома.

извор

Трамп бара милијарда долари отштета од ББЦ

11 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на ББЦ дека ќе бара отштета од 1 милијарда долари поради грубото извртување на вистината во врска со сечената и лепената монтажа на неговиот говор од 6 јануари 2021 година, со цел да се прикаже дека тој повикува на напад врз Капитол хил.
  • Адвокатите на Трамп испратиле официјално писмо до ББЦ во кое бараат јавно извинување, „целосно и чесно“ повлекување на монтираната снимка и „соодветна“ отштета. „Во спротивно, претседателот нема да има избор, освен да го тужи британскиот јавен сервис поради предизвикување финансиска штета и повреда на репутацијата“, се наведува во писмото. ББЦ има рок да одговори на барањата до петок.
  • Директорот на ББЦ Тим Дејви и главната уредничка Дебора Тарнес поднесоа оставки, а претседателот на корпорацијата Самир Шах објави официјално извинување поради „погрешната проценка“ при монтирањето на говорот на Трамп. Шах најави и лично извинување до Трамп, но категорично тврди дека нема систематска пристрасност во ББЦ и дека новинарите не се корумпирани.
  • Во својот втор мандат Трамп им се закани на неколку американски медиуми со тужби за клевета. Тие ги решија споровите со вонсудски спогодби.
извор

Андоновски: Поштата наречена копнеж или за достапноста

10 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Достапноста ќе нè убие. Достапно ни е сè: ене цигари на трафикана за сите, ене го мобилниот со кој го слушам брат ми од Америка кога сакам (дури и гледам каде е во моментот и што прави). Достапни ми се сите брендови на патики и фармерки, онде се зад аголот, во „Сити мол“ или во „Ист гејт“.
  • Кога сè е достапно, се смалува копнежот по она што го посакуваш. Гасне желбата. А убавината на животот е во копнежот. Убавината е токму во одлагање на задоволството, во одлагање на задоволување на желбата.
  • Секое ИНСТАНТНО (one click) задоволување на желбите го уништува уживањето, кое доаѓа од чекањето. Да, иако звучи апсурдно, така е – колку подолго го чекаш она по што копнееш, толку посилно ќе биде задоволството кога ќе го добиеш. Ние веќе не знаеме ништо да цениме, по ништо да копнееме, дури и не знаеме што значи да „гориш од желба“ по нешто, зашто ДОСТАПНОСТА на сите нешта инстантно ни ги задоволува сите желби.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Бугарски електричар

Балканштина
2

Раскринкана е скриената порака на чистењето!

Македонски рулет
3

Верижна семејна драма во Штип

Разно
4

Рафинирана дебата во бугарскиот парламент

Балканштина
5

Дилеми за славата

Балканштина
6

Европа станува зрела за Рамковен

Онака
7

Виенската полиција ги одра велосипедистите

8

Бранко е генијалец

Балканштина
1

Виенската полиција ги одра велосипедистите

2

Саркози го одлежа своето

3

Само 14% од ПЦР-позитивните биле вистински инфекции

Здравје
4

Кина крие црвено копче во зелените градски автобуси за Европа

Свет
5

Поразите носат кавги: Фрчкоски - Пендаровски

6

Хрватска по пола век остана без весници од странство

7

Крај за монетарната приватност во ЕУ?

Бизнис
8

Андоновски: Поштата наречена копнеж или за достапноста

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Бранко е генијалец

Балканштина

Дилеми за славата

Разно

Верижна семејна драма во Штип

Балканштина

Бугарски електричар

Разно

Песна за липата и чајот

Македонштина

Македонскиот Никола Тесла

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Хумор или подебел ланец?

На одмор со дечињата

Бугарска апашаана

Умберто Еко: Кршење на кодексот на лицемерието

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy