- Вакцината против ковид АстраЗенека која се поврзува со ретки но сериозни нус-појави тивко се повлекува од Австралија.
- Федералниот здравствен департмент потврди дека од 20 март таа нема да биде достапна за граѓаните на државата.
- Ова се објаснува како комерцијален потег заради поголемата популарност на стандардните вакцини во однос на оние со мРНК технологија.
- Во 2021 година АстраЗенека престана да им се дава на лица постари од 60 години заради ризикот од ртомбоза.
- Главниот ирански преговарач Мохамед Галибаф го оцени катастрофалниот пораз на републиканците на изборот за Конгресот како јасен знак дека американските граѓани се против војната со Иран.
- „Американците рекоа ‘НЕ ЗА ВОЈНА’. Ние ја поддржуваме оваа порака“, изјави Галибаф.
- Ако американската влада ја изневери волјата на својот народ за да им служи на меѓународни налогодавачи и уценувачи, ќе сфати дека нашето ’НЕ‘ носи кошмар“, додаде претседавачот на Парламентот на Иран.
- Во последните неколку недели пред изборите американскиот претседател Трамп во исто време се закануваше со нови, уште пожестоки напади врз Иран и разгледуваше нова мировна иницијатива за крај на војната. На прашањето дали ќе нареди нови напади уште во текот на оваа недела, одговори: „Ние сме спремни ако треба, но можеби нема да нема потреба“.