„Денес не сум слободен затоа што системот функционирал. После толку години затвор, слободен сум затоа што се изјаснив за виновен затоа што сум се занимавал со нoвинарсто“, изјави основачот на Викиликс пред Советот на Европа во Стразбур.
Ова е негово прво обраќање до јавноста откако се врати во Австралија после 14 години поминати прво во амбасадата на Еквадор во Лондон а потоа и во англискиот затвор Белмарш.
Верува дека неговото сведочење ќе помогне во слични случаи како неговиот кои се помалку видливи и рече дека жали што гледа одмазда кон оние што ја зборуваат вистината и што гледа сè повеќе автоцензура.
Доналд Трамп по едночасовниот телефонскиот разговор со Владимир Путин најави дека САД би можеле да укинат санкции за нафта за „некои земји“ за да го ублажат недостигот во светот поради војната на САД и Израел против Иран.
„Имаме санкции за некои земји. Ќе ги укинеме тие санкции сè додека не се отвори Ормускиот теснец“, изјави Трамп без да наведе детали.
Ова се толкува како повик за олеснување на санкциите за извозот на руска нафта. Минатата недела САД привремено ја ослободија Индија од заканата за санкции ако купува руска нафта.
Путин веќе сигнализираше дека Русија е подготвена да ја снабдува Европа со нафта и гас.
Унгарија ја повика Европската Унија веднаш да ги укине санкциите за увоз на енергенси од Русија.
„Континентот сега се соочува со двоен шок во снабдувањето... бидејќи ЕУ веќе го забрани увозот на руски енергенси. Сега, конфликтот на Блискиот Исток го намалува и глобалното снабдување. Ако Брисел ги задржи санкциите на сила, тоа ќе предизвика сериозна штета на европскиот народ и на европската економија. Фокусот треба да биде на заштитата на интересите на Европејците, а не на идеологијата“, додаде Сијарто.
„Се вратив во живот!“, порача српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ после двонеделна сериозна здравствена криза поради билатерална пневмонија, обелоденувајќи дека конзилиумот му најавил дека лекувањето ќе може да го продолжи дома.
„Тој црн ден јасно ми покажа кој и што треба да ми се приоритети. Ден во кој почнав да заминувам од животот. Пет дена без свест на ивица меѓу животот и смртта,“ напиша Дачиќ заблагодарувајќи им се на сите мои се молеле за него и особено „на мојот брат Александар Вучиќ.“
Ја сподели песната „Се враќам животе,“ која пред 15 години заедно ја пееле со Кемал Монтено.