- На последниот попис во Англија и Велс спроведен во март 2021 година, 1,3 милиони луѓе се изјасниле како L, G или B лица.
- Нешто над 1,5% како геј или лезбејки и 1,3% како бисексуалци. 0,5% рекле дека нивниот родов идентитет не се совпаѓа со оној кој им е регистриран при раѓање.
- Пополнувањето на оваа ставка било доброволно. Околу 7,5% не одговориле за својата сексуална ориентација а 6% решиле да не го откријат својот родов идентитет.
- Процентуално, најбројна ЛГБТ+ популација во Англија има во Брајтон, а во Велс во Кардиф.
- Англија и Велс заедно бројат 59,6 милиони луѓе.
- Државниот секретар Марко Рубио ги отфрли шпекулациите дека размислува да ја напушти администрацијата на Трамп, со цел да ги задржи шансите за сопствена кандидатура за претседател во 2028 година.
- Според извори на Блумберг, Рубио веќе разговарал со претставници во Белата куќа и бил замолен да остане.
- „Отсекогаш ми беше план да работам за Трамп до крајот на неговиот мандат. Ја сакам работата“, изјави Рубио во интервју за „Њујорк тајмс“.
- Белата куќа и Стејт департментот синоќа го отфрлија извештајот на Блумберг како „лажна вест“.
- Рубио упорно одбива да одговори на прашањата дали планира да се кандидира за претседател на изборите во 2028 година. Неколку пати досега јавно го поддржа потпретседателот Џ.Д. Венс: „Тој би бил најдобриот кандидат“.