- Вредностите почнаа да се превртуваат уште во социјализмот, а се засилија со неговиот пад. Под паролата на „демократијата“ се протнаа и многу лажни вредности, кои целосно ги разурнаа идентитетите, дури и оние клучните, врз кои се потпира едно минимум функционално општество. Такви идентитети се, на пример, ДАСКАЛ и УЧЕНИК.
- Денес, според авторитетот и правата што ги имаат, учениците се професори, а професорите ученици.
- Сепак, треба да се прашаме: зар за падот на образованието не се највиновни оние што морале да го чуваат – професорите?
- Ако ни е, ако. Заслуживме и полошо. А имавме ред.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.