Со напад од дрон одобрен од Џо Бајден, САД во Кабул го убија Ајман ал Завахири, актуелниот лидер на Ал Каеда.
Егзекутираниот ал Завахири отсекогаш бил сметан за идеолошки водач на терористичката организација а го презема лидерството по убиството на Осама Бин Ладен во 2011 година со кого ги имаат планирано главните напади на Ал Каеда во САД, Јемен, Кенија, Танзанија...
71 годишниот Египќанин бил на балкон во „безбедна“ куќа во Кабул кога од дрон кон него биле истрелани две прецизни ракети.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека Талибанците го прекрижшиле договорот давајќи му прибежиште на ал Завахири а Талибанците возвратија дека неговата ликвидација е грубо кршење на меѓународните принципи.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.