Македонската православна црква и Македонија ќе постојат додека постојат македонскиот народ и неговата желба за сопствена црква и држава, а тоа е единственото признавање што им е потребно за да опстанат и на црквата и на татковината.
Македонците имаат целосно право да не веруваат на ниту една вест што доаѓа од Фанар, особено не од византиските кругови.
Сите мои пријатели Егејци, поточно Македонци со потекло од егејскиот дел на Македонија, се атеисти токму затоа што во нивното семејно искуство, црквата, возглавена од вселенскиот патријарх, била главната алатка за погрчување на нивните семејства.
Оставам само аманет еден ден на вечното патување да ме испрати поп, Македонец и патриот, но никако не некој свештеник фанариот.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.