- Алберт Муслиу ги тужи петтемина основачи на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард „Правда за штедачи Скопје“ дека го навредиле и му ги нарушиле честа и угледот затоа што објавиле дека тој и брат му земале кредит од 400 илјади евра, а не го вратиле.
- Во тужбата Муслиу навел дека е „во тешка психичка состојба и не може да спие. Медиумските написи му нанеле голема штета на угледот“, за што бара оштета од еден милион денари.
- Адвокатот на тужените објаснува дека податоците за земениот а невратен кредит на Муслиу се добиени од Извештајот на стечајниот управник на Еуростандард банка и дека тој документ е од јавен карактер, а тужените штедачи се дел од стечајните органи.
- Реагирајќи на жалба на Првите народи, суд во Едмонтон ја блокира иницијативата за организирање референдум за независност на канадската провинција Алберта.
- Движењето Stay Free Alberta достави барање со потписи од 300.000 потписи, што ја обврзува покраинската влада да распише референдум за прашањето за независност.
- Судијката Шаина Леонард ја запре процедурата, пресудувајќи дека за иницијативата не биле консултирани домородните племиња Атабаска Чипјујан, Блад, Пиикани и Сиксика, поради што биле загрозени договорите што тие во 19 век ги постигнале со тогашните британски власти.
- „Меѓународната граница би го уништила нивниот начин на живот. Нема шанси тие да продолжат да живеат како што живееле во изминатите 7.000 години“, изјави адвокат на племето Чипјујан.
- Американскиот претседател се решил да оди со ласкање иако домаќинот јасно предупредил да внимава да не дојде до големо недоразбирање меѓу двете земји.
- Претседателот Си нагласил дека прашањето за Тајван е најважното прашање во односите меѓу Кина и САД. Доколку се реши правилно, билатералните односи ќе уживаат целокупна стабилност. Во спротивно, двете земји ќе имаат судири, па дури и конфликти, ставајќи ги комплетните односи во голема опасност.
- „Независноста на Тајван“ и мирот преку теснецот се непомирливи како оган и вода, смета кинескиот претседател. Зачувувањето на мирот и стабилноста низ Тајванскиот теснец е најголемиот заеднички именител меѓу Кина и САД поради што американската страна мора да покаже дополнителна претпазливост во решавањето на прашањето на Тајван, му биле порачано на гостинот.