- Парламентот на Албанија со 72 гласа „за“ и само два против ја укина забраната за укинување на игрите на среќа од 2019 година.
- Се покажа дека со затворање на обложувалниците ништо не се менува во пракса – обложувањето продолжува, но преку нерегулиран црн пазар.
- Последната одлука е донесена на предлог на Европската комисија со цел сузбивање на црниот пазар, подигање на нивото на буџетските приходи и обезбедување на транспарентност во оваа економска активност.
- Американците имаат сè понегативни ставови за Израел и за премиерот Бенјамин Нетанјаху, според новото истражување на центарот Пју. Анкетата спроведена во март покажува дека 60% од возрасните во САД имаат неповолен став за Израел, во споредба со 53% минатата година.
- 28% од возрасните Американци имат „многу неповолен“ став за Израел. Тоа е за 9% повеќе од лани и речиси тројно повеќе отколку во 2022 година.
- Впечатлива е разликата во довербата на републиканците за политиката на израелскиот премиер. Меѓу оние на возраст над 50 години, 58% се убедени дека Нетанјаху носи правилни одлуки, а од помладите му веруваат само 30%.
- Повеќе од половина од Американците (55%) немаат доверба дека претседателот Доналд Трамп прави добри одлуки кога станува збор за односите меѓу САД и Израел. Овој процент е речиси непроменет од август 2025 година.