Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Косовска опозиција: Им го правиме на Србите она што Милошевиќ нам ни го правеше

11 ноември 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Претседателот на Социјалдемократската партија на Косово, Дардан Молиќај, ја предупреди косовската влада дека може да „излизга кон фашистички позиции“ забележувајќи дека таа се однесува кон Србите како што Милошевиќ се однесуваше кон Албанците во 90-тите. 
  • Опозиционерот смета дека премиерот Албин Курти погрешно ја проценил играта со реципроцитетот, што на Србите им даде шанса да покажат дека тие го контролираат северот на Косово.
  • Молиќај цени дека проблемот на Косово може да се реши само со политички договор, а не со демонстрација на сила на Косово или Србија. 

извор

Само три земји платиле за Одборот на Трамп за Газа

11 април 2026
  • Share
  • Post
  • Одборот за мир на Доналд Трамп добил само мал дел од 17-те милијарди долари ветени за обнова на Газа.
  • Од десет земји кои ветија средства, платиле само Обединетите Арапски Емирати, Мароко и САД. Собраната сума е под 1 милијарда долари – помалку од членарината за секоја земја што ја најави Трамп.
  • За реконструкција на Газа, каде што четири петтини од зградите беа уништени во двегодишните израелски бомбардирања, ќе бидат потребни околу 70 милијарди долари. според проекциите на глобалните институции.
  • Поради проблемите со финансирањето, новоформираниот Национален комитет за администрација на Газа (NCAG), не може да ја преземе контролата врз регионот од Хамас. Според мировниот план, Комитетот на чело со Али Шаат Хамас треба да ги управува министерствата и полициските сили.
извор

Астронаутите од Артемис 2 се вратија живи и здрави

11 април 2026
  • Share
  • Post
  • Четворицата астронаути на НАСА утрово безбедно се спуштија на Земјата, по десетдневната мисија Артемис 2 околу Месечината.
  • Нивната капсула „Орион“ ги издржа огромните температури од брзото навлегување во земјината атмосфера и се спушти со падобран во Пацификот, покрај брегот на Калифорнија.

  • „Стабилни сме“, објави командантот на мисијата Рид Вајзман. Тој и другите астронаути – Виктор Гловер, Кристина Кох и Канаѓанецот Џереми Хансен, ќе поминат низ неколкудневни детални медицински прегледи. 
  • При влегувањето во атмосферата, екипажот леташе 32 пати побрзо од звукот (побрзо од кој било човек досега), а нивната капсула беше изложена на температура од 2.760 Целзиусови степени – практично беше обвиткана во оган, поради што во критични 6 минути немало никаков контакт со Контролата на мисијата. Падобраните ја намалиле брзината на слободниот пад на 25 километри на час.
  • При мисијата за обиколување на Месечината, екипажот на НАСА стаса  406.778 километри од Земјата, подалеку од кој било човек досега, и направи детални снимки од нејзината „скриена“ страна. 
  • НАСА в година ќе ја спроведе мисијата Артемис 3, во која ќе тестира екипаж со лендери во орбита, како конечна подготовка за мисијата Артемис 4, кое опфаќа спуштање астронаути на Месечината, прв пат по 1972 година. Во трка е со Кина, која планира да испрати свои „таиконаути“ на Месечината до 2030 година.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Жељко им кажа со време

Балканштина
2

По поразот од надворешниот непријател, Трамп отвори војна против внатрешниот

Мислења
3

Астронаутите од Артемис 2 се вратија живи и здрави

4

Новиот шенгенски систем создаде километарски колони за влез во Хрватска

5

Израел го уценуваше Клинтон со Левински, којзнае што имаат за Трамп

Мислења
6

Унгарија, можно сценарио

Канта
7

Димитријевиќ му се одмазди на тимот кој не веруваше во него

Кошарка
8

Кого би блокирал Гоце на Фејсбук?

Балканштина
1

Израел го уценуваше Клинтон со Левински, којзнае што имаат за Трамп

Мислења
2

По поразот од надворешниот непријател, Трамп отвори војна против внатрешниот

Мислења
3

Астронаутите од Артемис 2 се вратија живи и здрави

4

Новиот шенгенски систем создаде километарски колони за влез во Хрватска

5

Војната го направи Израел енергетска суперсила во регионот

Свет
6

Само три земји платиле за Одборот на Трамп за Газа

7

Сајбер-криминалци лани украле 21 милијарда долари од Американците

Интернет
8

Примирјето во Иран им донесе уште 90 милијарди на најбогатите во светот

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Жељко им кажа со време

Балканштина

Бугарски роботи се вклучија во предизборието

Македонштина

Јаки трпези, јаки амини

Балканштина

Не е доцна да се преиспитаме

Балканштина

Шефе, каде да го ставиме знакот за децата?

Македонштина

Кисела Вода има Флет Ајрон, Маџир маало добива Васер Вага

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Плашење на стариот

Што мислевме, што излезе

Смртта е привилегија на сиромашните

Време е да се хејтаат забраните и цензурите

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy