Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Алатки на македонската дипломатија: конформизам, попуштање, послушност

1 јуни 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Конформизам: Добар пример за нормативно влијание би бил начинот на кој луѓето пополнуваат формулари со лични податоци. Апсурдно е да напишеш дека држава на раѓање ти е „Северна“ кога генерацијата што навистина се родила во „Северна“ сè уште не научила да пишува.
  • Попуштање: Пример за ова е нашиот официјален одговор и снисходливото поставување кон ултимативните барања на Грција и Бугарија за драстични промени во супстанцата на нашата држава. Пример е и прифатеното барање за тајност од странска фирма кон нашата држава во поглед на мистериозниот договор за најголемата инвестиција до сега.
  • Послушност: Редок пример за послушност во мирно временски околности е нашето прифаќање на едностраното барање на Грција за воведување на кратенката НМК на латиница за македонските автомобилски таблички (NMK). Од прва рака, од еден од учесниците во „преговорите“ имам информација дека за кратенката НМК воопшто не се ни преговарало, туку била наметната од грчката и послушно прифатена од нашата страна, пишува дипломатот од кариера, Зоран Дабиќ.
извор

ЏД Венс: Ни Русија ни Украина не можат да напредуваат на фронтот

6 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американскиот потпретседател ЏД Венс изјави дека Русите не можат да постигнат речиси ништо во офанзивните операции на фронтот, ниту пак Украинците можат со своја контраофанзива да ги ослободат окупираните територии.
  • „Русите плаќаат висока цена за секој квадратен километар што го освојуваат. Сега се во ситуација каде што шансите да постигнат нешто преку продолжени офанзивни операции се занемарливи и се приближуваат кон нула. Ова би можело да го создаде просторот што ни е потребен за да го донесеме ова прашање до крај“, изјави Венс во интервју за Сандеј тајмс.
  • Фронтот, според него, е замрзнат затоа што САД и НАТО ја охрабриле Украина да се фокусира повеќе на одбраната и на исцрпување на Русија отколку да почне скапи офанзиви за освојување на окупираните територии.
  • „Ако се сеќавате на летото 2023 година, главниот спор беше дали Украина треба да се обиде со голема контраофанзива. Речиси целиот западен свет, вклучувајќи го и претседателот Бајден, извршија притисок врз Украинците да почнат масовна контраофанзива, што подоцна се покажа како стратешка и тактичка катастрофа“, потсети Венс.
извор

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

6 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Иран не може да најде доволно купувачи за својата сурова нафта пред да истече рокот за слободен извоз од 60 дена, согласно Меморандумот за разбирање со САД.
  • Техеран на 1 јули соопшти дека испорачал над 40 милиони барели сурова нафта откако САД ја укинаа поморската блокада. Но, повеќе од 20 милиони барели се во азиските води подолго од седум дена, што е зголемување од речиси 18% во однос на претходната недела.
  • Според извори на Блумберг, јасна дестинација немаат 90% од танкерите на кои се натоварени 58 милиони барели иранска нафта. Официјално се водат како „за нарачка“ или пловат кон Сингапур, со надеж дека ќе договорат извоз. 
  • Главна причина е намалената побарувачка на големиот азиски пазар, кој очекува испорака на нафта од другите земји од Персискиот Залив. Кина, најголемиот увозник на иранска нафта пред војната, го преполовила увозот на 654.000 барели. Само еден ирански танкер истоварил нафта во Кина во изминатата недела. Индија чека конечен договор и целосно укинување на санкциите за да прави долгорочни нарачки.
  • Ограничувањата на Европската Унија и Британија сè уште се на сила. „Купувачите остануваат претпазливи дека Вашингтон би можел повторно да воведе санкции ако преговорите пропаднат“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ќе нè научат ли странците да ја сакаме?

Македонштина
2

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

3

Дискутабилни совети за бавча

Балканштина
4

Супер натпревар на Ацтека, Англија со играч помалку оди во четвртфинале

Фудбал
5

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина
6

Новите руски војници во просек преживуваат 35 минути борба на фронтот

Свет
7

Вимблдонска утопија

Мешано
8

Зелениот кинески ѕид околу пустините расте побрзо од другите шуми

Разно
1

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

2

Новите руски војници во просек преживуваат 35 минути борба на фронтот

Свет
3

Зелениот кинески ѕид околу пустините расте побрзо од другите шуми

Разно
4

На Трамп не му се верува дека милиони Иранци плачат по ајатолахот

5

Трамп дели правда и на Светското првенство

6

Врховниот суд ги заштити трујачите со хербициди од тужби на болни од рак

Здравје
7

ЏД Венс: Ни Русија ни Украина не можат да напредуваат на фронтот

8

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Ќе нè научат ли странците да ја сакаме?

Балканштина

Дискутабилни совети за бавча

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Да живее другарот Сталин

Самурајски поздрав за земјата на која ѝ го сменија името

Правила за пиење

Генерација „снегулка“

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy