- Овојпат не може да се тврди дека власта на ДУИ и СДСМ го изрежира ова со Курти, но, секому му е јасно дека таа го овозможи. А толку малку требаше да стори за да го спречи. Како одговорна за почитување на законите доволно ќе беше да побара и нареди стриктно почитување на Бадентер, кој многу повеќе им треба на Албанците одошто на другите, изјавил за МКД.мк академик Божин Павловски.
- Чуму оваа дрска провокација: официјална замена на славната Втора македонска партизанска бригада со името на странец. Церемонија со непочитување на мнозински народ, неговиот јазик и традиции. Морале ли да ја избришат токму славната бригада што положила 300 млади животи за слободата на татковината? Говеда од власта, зошто не мрднавте со мало прсте за да спречите дивеење на екстремен национализам? Толку ли не знаете дека национализмите се хранат еден со друг? Тоа ли ви треба на патот кон ЕУ? Арогантниот Курти ви го покажа и злосторот во Вејце каде што беа масакрирани војничиња, каде што вие не би можеле да подигнете ни скромен паметник. Резил кој со грам ум можеше и мораше да се избегне“, вели во изјавата академик Павловски.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.