- Агент со ВИ на OpenAI автономно извршил хакерски напад во неколку системи на австралиската влада, објави премиерот Ентони Албанезе. Ова е прв потврден случај во кој модел со ВИ од најновата генерација самоиницијативно хакирал владини системи на друга земја.
- Решавајќи барање да состави здравствени и медицински статистички податоци, ботот упаднал во австралискиот систем за здравствена заштита Медикер и во мрежите на Министерството за здравство на Викторија и на Бирото за статистика и истражување на криминалот на Нов Јужен Велс. Во оваа фаза од истрагата се смета дека не се компромитирани лични здравствени податоци.
- Нападот бил извршен во јуни. OpenAI го открил во август. Ја известил владата на Австралија со имејл до јавното поштенско сандаче на владата на 10 септември. Министерката за владини прашања била известена дури на 17 септември.
- Премиерот Албанезе формира работна група во која се вклучени повеќе агенции за безбедност за да го истражат инцидентот. Во Њујорк лично разговарал за упадот со Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI.
- „Да стануваше збор за кинески или руски модел, реакцијата ќе беше значително поинаква од обичен разговор со Алтман“, забележува Кори Алперт, докторанд кој го проучува влијанието на ВИ врз демократијата на Универзитетот во Мелбурн.
- Украина ненајавено остана без целосен пристап до интернет-услугата Starlink на Илон Маск, што ѝ ги блокираше операциите на бојното поле против руските трупи.
- „SpaceX, компанијата која го управува со Starlink, поставила ограничување на брзината на терминалите во Украина кога дроновите управувани од системот надминувале брзина од 100 милји на час“, изјави Серхиј Бескрестнов, советник во претседателот Зеленски.
- Бекстренов оцени дека компанијата на Маск веројатно дејствувала по барање од претседателот Трамп, кој во саботата го зголеми притисокот врз Зеленски и побара да престане да ги напаѓа руските рафинерии за нафта.
- Маск на својот профил на Икс коментираше: „Зеленски отиде предалеку“.
- Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека бегството на Ива Михајлова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, кој, по проверката на нејзините наводи, вели, ќе утврдеше дека таму нема здравствен случај.
- „Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеа работите на виделина какви се. Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното Министерство за тоа бидејќи во основа таму нема здравствен случај“, вели Клековски.
- Татко ѝ Симеон Михајлов исто така има избегано во Бугарија по пресудата од 12,5 години затвор за случајот „Детонатор“. Во моментот македонските власти имаат распишано меѓународни потерници и по Ива Михајлова и по Симеон Михајлов.