- За само две години (2023 и 2024 година), државни институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра, дел купени, а дел земени на лизинг.
- Меѓу нив се и 45-те владини возила, секое по 50 илјади евра, земени на лизинг за сегашните функционери, но и за поранешните премиери и претседатели.
- Шампионите на Шутка набавиле возило од 55 илјади евра, Прилеп бил уште поамбицизен па нарачале од 63.000, ама го раскинале договорот.
- На дури 70 % од тендерите за набавка на возилата имало само по една понуда.
- Жителите на Харгиеса, главниот град на Сомалиленд, масовно излегоа на улиците, вееја американски знамиња и извикуваа „Да живее Америка!“, прославувајќи ја изјавата на Доналд Трамп дека нивната самопрогласена држава е „сосема различна земја од Сомалија“. Изјавата, сепак, не значи дека САД го признаваат регионот за независна држава.
- „Изјавата на Доналд Трамп го означува почетокот на американското признавање на Сомалиленд“, изјави Али Хаши од Харгиеса.
- Отцепениот регион, кој е на стратешка геополитичка локација во Аденскиот Залив, досега е признаен само од Израел. Поседува сопствена валута, пасоши и војска и важи за постабилен и подемократски од Сомалија.
- Сомалиленд стекна независност од Британија во 1960 година, само пет дена пред Сомалија да се ослободи од италијанските колонизатори. Двата региона се споија во Република Сомалија, но во 1980-тите почнаа граѓанска војна. Сомалиленд повторно прогласи независност во 1991 година.
- Патем, Трамп забележа дека не му се допаѓа името Сомалиленд. Му било позгодно да биде „Сомалија Ленд“.