81 година од стрелањето во Крагуевац: Утре леб не праќајте
21 октомври 2022
-
Од 7 часот наутро до 14 часот на 21 октомври 1941, од местото Шумарице крај Крагуевац непрекинато одекнувала рафална стрелба. А потоа сè стивнало.
-
Според проценката на мајорот Кениг, квотата од 2.300 стрелани била исполнета а погребувањата траеле со денови.
-
Иако обележувањето на гробовите и пристапот до нив биле забранети, мајки и жени на стреланите ноќе доаѓале до Шумарице за да ги бараат своите мртви. Така се најдени четврица мажи кои го преживеале масакрот.
-
Меѓу оние на кои им успеало да не застанат пред стрелачки вод се наоѓал и прочуениот глумец Миа Алексиќ, тогаш гимназијалец.