35 години од осовањето на Биси
20 септември 2024
На средбите со челниците на ЕУ премиерот Христијан Мицкоски потенцирал дека државата не може повеќе да прифаќа ултиматуми по принципот „тие се таму, вие сте надвор, ако сакате да бидете таму треба тоа да го прифатите“.
„Простете“, додава Мицкоски, “но ние такво нешто не можеме да прифатиме“.
Премиерот потсетува дека речиси две и пол децении од почетокот на интегративниот процес, по потпишувањето на Договорот за асоцијација и стабилизација, земјата е жртва на билатерализација на претпристапниот процес.