На денешен ден, 17 декември 2005 година, Македонија доби статус кандидат за ЕУ, пат по кој државата тргна во 1992 година откако назначи претставник во Брисел.
Претходно, кандидатурата беше заглавена поради кавгите меѓу Жак Ширак и Тони Блер околу европскиот буџет.
Првиот човек на Европската комисија, Хосе Мануел Баросо, изјави дека веста за Македонија е сјајна.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.