- На денешен ден пред 12 години, на Велики четврток, кај Смилковското Езеро беа убиени момчињата Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски.
- Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје а на 10 километри од убиството, беше пронајдено возило „Опел Омега“, за кое беше потврдено дека било на местото на настанот за време на убиството.
- За овој случај беше отворен предмет под името „Монструм“, за кој на доживотна казна затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Хаки Азири за помагање беше осуден на 9 години затвор, Фејзи Азири за истото дело на 15 години затвор. Судот го отфрли обвинението на Сами Љута.
- Осудените Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство во Косово, по нив беа распишани потерници, но и покрај ветувањата од Приштина тие досега не се екстрадирани во Македонија.
- Претседателот на иранскиот парламент вели дека има напредок во разговорите со САД, но дека двете земји остануваат „далеку“ од мировен договор
- Доналд Трамп вика дека се водат „многу добри разговори“ со Иран, но дека нема да дозволи Техеран да ги „уценува“ САД за Ормускиот теснец.
- Техеран порача дека Ормускиот теснец ќе остане затворен сè додека САД не ја укинат блокадата врз иранските пристаништа, што за нив е прекршување на примирјето.
- Трамп порача дека блокадата ќе продолжи сè додека „нашата трансакција со Иран не биде 100% завршена“.
- Два ирански воени чамци отворија оган врз танкер во Ормускиот теснец а американската морнарица принудила 23 брода да се свртат назад во близина на теснецот.
- Марија Корина Мачадо, нобеловка и лидер на веневуелската опозиција, одбила во Мадрид да се сретне со шпанскиот премиер Педро Санчез, кој е во лоши односи со американскиот претседател Доналд Трамп, на чија поддршка смета таа.
- „Таква средба не е опортуна“, оценила таа.
- Мачадо се сретна со лидерот на конзервативната Народна партија и со лидерот на Вокс, за да биде упадливо дека стратешки фокус става на десничарската политичка опозиција на Шпанија, а не на левичарската влада.
- Таа стана предмет на подбив заради девалвирање на наградата откако реши да му ја подари на американскиот претседател.
- Норвешкиот Нобелоv комитет тогаш потсети дека вистинската чест што ја претставува медалот „не може да се одземе, сподели или пренесе на други“.