Најгрдата жена во светот е човек со убава душа

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Коментар.

Лизи Веласкез е прогласена за најгрдата жена на светот, но и покрај својот изглед, таа докажа дека е човек со неверојатно убава душа.

Најгрдата жена на светот се вика Лизи Веласкез. Таа има 25 години и тежи само 28 килограми. Состојбата на Лизи е исклучителна – никој нема објаснување или дијагноза за неа. И покрај титулата најгрда жена на светот, која младата девојка ја добила, таа е човек со убава душа.

Кога Лизи се родила, нејзините родители наскоро сфаќаат дека таа е поинаква. Излегува дека таа страда од една исклучително ретка болест која лекарите се обидуваат да ја решат. Таа тежи само 28 килограми, иако се храни нормално.

 

Детството и адолесценцијата на Лизи биле вистинско мачење за неа. Таа трпела навреди и потсмев од своите соученици и дури на непознати по улицата. Но, најлошото беше кога 15-годишната Веласкез го открива видеото на интернет за себе, во кое таа е наречена ” најгрдата жена на светот “, соопштуваат од yahoo.

Веќе десет години никој не успева да ја симне Лизи Веласкез како “најгрдата жена во светот”. Таа се уште не може да ги одврати солзите кога зборува за тоа. Но, и покрај сето тоа, таа е човек со исклучително убава душа.

14 март 2014 - 14:54