Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот ХајпТВ.

Познатата ѕвезда Kim Kardashian повторно го привлече вниманието на јавноста, но овојпат поради мала незгода која ѝ се случи.
Имено, таа на својот профил на Instagram сподели видео на кое се гледа како незгодно го свиткува глуждот, по што губи рамнотежа и паѓа во грмушка.

Иако ситуацијата изгледала непријатно, Ким реагираше со насмевка и хумор, покажувајќи дека и ваквите моменти ги прифаќа опуштено. Нејзините следбеници веднаш реагираа со коментари, изразувајќи загриженост, но и смеа поради начинот на кој таа ја сподели случката.
Фановите ѝ порачаа да внимава повеќе, додека други ја пофалија за искреноста и спонтаноста што ја покажува на социјалните мрежи.
И овој пат, Kim Kardashian успеа од обичен момент да направи вирална приказна, потврдувајќи дека секој нејзин потег привлекува огромно внимание.