Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Еспресо.
Пејачката Весна Змијанац важи за вистинска домаќинка, а за тоа говори и фотографијата што нејзината ќерка Николија Јовановиќ ја сподели на својот Инстаграм профил.
Имено, Јовановиќ ја посетила својата мајка во семејниот дом и во таа прилика сликала што има во фрижидерот на пејачката.
Она што е забележливо е дека Весна има голема залиха на здрава храна, па на нејзините полици има ајвар, туршија, џем, компот, како и многу други домашни производи.
– Естетиката на маминиот фрижидер – напишала Николина, со емотикон на портокалово срце.
Несомнено е дека Весна повеќе сака да ужива во храната во својот дом отколку да посетува скапи ресторани, а на она што го има во нејзиниот фрижидер би ѝ позавиделе многу јавни домаќинки.