Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
40 мин.
Вкупно време:
60 мин.
Порции
2-4 лица
Состојки
- 750 гр. пилешки крилца
- ½ лажичка лук во прав
- ½ лажичка кумин
- ½ лажичка лут буковец
- ¼ лажичка мелен бибер
- 1 лажичка сол
- 1 лажица маслиново масло
- 200 гр. лебни трошки
Прелив
- 100 гр. мајонез
- 3 кисели црвени пиперки од тегла
- сок од лимета
- 1 лажичка оцет
- ½ лажичка сол
Подготовка
Исплакнете ги пилешките крилца под млаз студена вода и исушете ги со хартиена салфетка. Во сад измешајте ги лукот, буковецот, кумин, бибер, сол и маслиново масло. Намачкајте ги убаво крилцата со оваа мешавина од зачини, покријте ги во еден сад и оставете ги во фрижидер да се маринираат најмалку еден час.
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Извалкајте ги од сите страни пилешките крилца во лебните трошки. Поставете ги во плех и печете ги во загреаната рерна 20 минути. Потоа превртете ги и печете ги уште 20 мин или додека да добијат златно жолта боја.
Додека се печат крилцата подгответе го сосот. Измешајте ги во блендер пиперките, мајонезот, сокот од 1 лимета , лажица оцет и сол по вкус.
Сервирајте го сосот во длабок сад покрај топлите пилешки крилца.
На здравје!