Време на подготовка:
60 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
1 ч. 30 мин.
Порции
20 парчиња
Состојки
- 500 гр. брашно
- 3 компири варени
- 2 жолчки
- 1 квасец сув
- 150 мл. млеко
- 1 лажичка сол
- 2 белки
- сусам
Фил
- 200 гр. салама
- 3 лажици павлака
- 100 гр. рендан кашкавал
Подготовка
Во сад измешајте ги млекото,жолчките,квасецот,сол,компирите изрендани и брашното и замесете тесто. По месењето оставете го тестото да стаса.
Во меѓувреме подгответе го филот. Исецкајте ја саламата и изрендајте го кашкавалот. Во длабок сад измешајте ги заедно со 3 лажици павлака.
Исукајте го тестото на маса со малку брашно за да не лепи. Исечете ја кората на квадрати или триаголници по желба. На секое парче тесто ставете од филот и свиткајте го во ролна. Наредете ги кифличките во подмачкана тепсија и премачкајте ги со белка. По желба наросете ги со сусам.
Оставете ги 5 минути и потоа стевете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени 30 минути.
Пријатен апетит!