Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
2 лица
Состојки
- 4 јајца
- 1 лажица млеко
- 1/4 лажичка оригано
- 1/8 лажичка лук (зачин)
- прстофат сол
- прстофат бибер
- 50 гр. сецкана црвена бабура
- 50 гр. сецкани брокули
- 120 гр. сецкани колбаси
- 50 гр. сецкани маринирани шампињони
- 100 гр. рендан кашаквал
- 1 лажица масло
Подготовка
Во длабок сад изматете ги јајцата заедно со лажица млеко, сол, бибер, оригано и лук.
Во една помала тава запржете ги со малку масло пиперките, брокулите и колбасите. Пржете ги на среден оган со повремено мешање додека зеленчукот малку да омекне, околу 5-7 минути. Потоа извадете ги од тавата.
Во истата тава додадете ја смесата со јајца. Оставете ја 30 секунди без мешање па додадете ги печурките и пржениот зеленчук со колбаси. Најгоре распределете го ренданиот кашкавал. Покријте ја тавата со капак и оставете ја на рингла уште 3-4 минути на слаб оган, додека да се растопи кашкавалот.
Послужете веднаш.
Пријатен апетит!