Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 4 модри патлиџани
- 150 гр. кашкавал по избор
- 100 гр. пршута
- 3 јајца
- брашно за панирање
- презла
- семе од сончоглед, сусам и лен
- босилек
Подготовка
Излупете ги модрите патлиџани, исечете ги на потенки парчиња по должина, посолете ги и оставете ги да отстојат. По половина час исплакнете ги со ладна вода.
Потоа правете сендвичи со две парчиња патлиџан, а меѓу нив наредете по едно тенко парче кашкавал, пршута и ливчиња босилек. Панирајте ги сендвичите од модри патлиџани во сад со изматени јајца, потоа во брашно и мешавина од презла со семиња од сончоглед, сусам и лен.
Пржете ги сендвичите во тава со масло на силен оган по неколку минути од секоја страна. Потоа извадете ги на хартиена салфетка за да се впие вишокот на масло.
Послужете ги топли со салата од домати и пијалок по желба.