Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 2 тиквици рендани
- 1 среден компир, рендан
- 4 парчиња сланина, ситно сецкана
- 50 гр. брашно
- 1 јајце, изматено
- 2 лажици, ситно сецкан млад кромид
- масло за пржење
Прелив
- 2 чешниња лук
- 200гр. павлака
Подготовка
Изрендајте ги тиквиците и оставете ги да се исцедат во цедилка. Притиснете ги со раце за да се доцедат.
Измешајте ги тиквиците, компир, сланина, брашно, јајце и кромид во длабок сад. Измесете ги во изедначена смеса. Посолете со сол и бибер.
Загрејте масло на силен оган. Поделете ја смесата на 4 дела и направете плескавици.
Пржете ги во загреаното масло по 5 минути од секоја страна. Вадете ги на хартија за да се исцедат од маслото.
Послужете ги плескавиците од тиквици со прелив од павлака измешана со ситно сецкан лук.
На здравје!