Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 6 поголеми тиквици
- 1 лажица сол
- 130 гр. песто сос
- 2 лажички рендана кора од лимон
- 2 лажици маслиново масло
- 50 гр. печени бадеми, ситно сецкани
- 2 лажици потпечен сусам
- 40 гр. рендан пармезан
- ливчиња босилек, ситно сецкан
Подготовка
Исечете ги тиквиците на тенки стапчиња. Ставете ги во цедалка со една лажица сол и оставете ги да се исцедат 30 минути. Потоа исплакнете ги исушете ги со хартиена салфета.
Испржете ги тиквиците во тава со малку масло на посилен оган.
Извадете ги во чинија и измешајте ги со песто сос, сецкани бадеми и сусам.
Сервирајте ги во чинија со рендан пармезан и декорирајте со босилек.