Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- ½ кг. црни патлиџани
- 2 дл. сос од црвени домати
- 200 гр. гауда или друго сирење по ваш вкус
- сол и бибер
- црвен пипер
- магдонос
Подготовка
Црните патлиџани измијте ги и исечете ги на тенки парчиња. По желба можете и да ги излупите. Посолете ги и оставете ги половина час да одстојат.
Во тава со масло загреано на посилен оган, испржете ги патлиџаните од двете страни. Потоа наредете ги во еден плех. Врз нив ставете по една до две лажици сос од црвени домати и одозгора изрендајте сирење по ваш избор. Зачинете ги со црн бибер, црвен пипер и малку свеж магдонос.
Печете ги во загреана рерна на 220 степени околу 15 минути.
Послужете ги топли.