Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
18 мин.
Вкупно време:
мин.
Порции
24 парчиња
Состојки
- 400гр. замрзнати зрна од пченка
- 1 луто пиперче, исецкано без семе
- 3 лажици ситно сецкан кориандер
- 2 главици млад кромид
- 100гр. оризово брашно
- 50гр. пченично брашно
- 1/4 лажичка прашок за пециво
- 1 јајце, изматено со вилушка
- сол и бибер
- масло за пржење
Подготовка
Ставете ја пченката на чинија обложена со хартија и исушете ја. Во сад измешајте ги двата типа на брашно, прашок за пециво, кромид, кориандер, пиперче и пченка. Додадете го јајцето и зачинете со сол и бибер. Добро измешајте ја смесата за да се соедината сите состојки.
Загрејте поголема количина на масло во тенџере на среден оган. Правете плескавици од смесата и пржете ги по 3 минути од секоја страна додека да добијат златно жолта боја. Вадете ги на чинија обложена со хартија за да се впие вишокот на масло.
Послужете ги веднаш со макало по вкус.
На здравје!