За љубители на печурки

Печурки со лук на тост

Вкусно предјадење од лук и печурки на препечено тост лепче.

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
15 мин.

Порции

2 лица

Состојки

  • 4 парчиња леб потпечен на тост
  • 20 гр. путер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 400 гр. печурки исечени на покрупни ливчиња
  • 2 чешниња лук истолчени
  • 60 гр. павлака
  • 1 лажица вода
  • 1 лажица магдонос ситно сецкан

Подготовка

Загрејте го маслото и путерот во тава. Додадете ги печурките и пржете ги со мешање околу 5 минути. Додадете го лукот. Пржете уште 2-3 минути. Додадете ја павлаката и водата. Пржете додека не се згусне. Во меѓувреме испечете ги кришките леб на тост.

На крај додадете го и магдоносот и промешајте. Сервирајте го сосот на потпечени кришки леб.

16 ноември 2012 - 18:43