Вкусни ордевери

Печурки полнети со ореви

Вкусен рецепт за полнети печурки со праз и ореви.

Време на подготовка:
25 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 2 главици праз
  • 24 печурки
  • 1 лажичка сол
  • 1 главица кромид, ситно сецкан
  • 2 чешниња лук, ситно сецкани
  • 2 лажици маслиново масло
  • 100 гр. рендан пармезан
  • 50 гр. лебни трошки
  • 50 гр. сецкани ореви
  • 2 лажички босилек

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Исчистете го, добро измијте го и ситно исецкајте го празот. Измијте ги печурките, исушете ги и одстранете ги дршките. Поставете ги превртени наопаку во тава за печење, зачинете ги сол сол и печете ги 15 минути.

Во меѓувреме испржете ги во тава со масло на среден оган празот, кромидот и лукот додека да омекнат, околу 5 минути. Потоа одстранете ги од огнот и измешајте ги добро со половина од пармезанот, лебни трошки, ореви и босилек.

Наполнете ги печурките од внатрешната страна со по една лажица од смесата. Посолете ги одозгора со остатокот од пармезан. Потоа вратете ги во тавата и печете ги дополнителни 10 минути.  

Послужете ги печурките топли, декорирани со свеж босилек.

На здравје!

16 октомври 2012 - 07:00