Наместо компири

Печени моркови

Вкусен и многу лесен рецепт за здрав гарнир.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

2 лица

Состојки

  • 8 моркови
  • 1 црвен кромид
  • 1 лажица масло
  • сол и бибер
  • 2 лажички магдонос
  • 50 гр. суво грозје
  • 50 гр. сецкани ореви
  • сок од еден лимон
  • сецкан копар

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени.
Излупете ги морковите и исечете ги на стапчиња. Додадете сецкан кромид и зачинете со сол, бибер и магдоно и наредете ги на плех за печење. Печете го во загреана рерна 10 минути. Во меѓувреме во чаша измешајте го сувото грозје со 50 мл. вода и оставете го да одстои. Потоа измешајте го сувото грозје со сецкани ореви и додадете го врз морковите. Печете ги уште 10 минути
Додадете врз морковите сок од еден лимон и послужете ги веднаш, декорирани со ситно сецкан копар.
На здравје!

21 септември 2012 - 00:36