Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
20 мин.
Порции
2-4 лица
Состојки
- 2 готови теста за пица
- 2 домати
- Моцарела сирење
- марула
- босилек
- сол и бибер
- маслиново масло
Подготовка
Загрејте ја плотната на скарата, премачкана со малку маслиново масло.
Исечете ги доматите на кругови и зачинете ги со маслиново масло, сол и бибер.
Оставете го тестото за пица малку да се одмрзне и исечете го на помали парчиња.
Намачкајте го тестото со маслиново масло и ставете го на скарата.
Печете го околу 5 минути од една страна, додека да добие златно жолта боја. Потоа превртете го од другата страна и наредете врз секое парче тесто по едно парче домат, сецкана марула, зачинете со босилек, па најгоре стевете парче Моцарела сирење.
Печете ги пиците уште 5 минути, додека да се растопи сирењето.
Послужете ги топли.