Компир салата

Печени компири со зачини

Вкусен печен компир со зачјни и прелив од мед и сенф.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
50 мин.

Вкупно време:
1 ч. 10 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 800 гр. компири
  • 2 лажици маслиново масло
  • 5 лажици сецкан свеж магдонос
  • 2 лажици копар, ситно сецкан

Прелив

  • 1 лажица вински оцет
  • 2 лажички мед
  • 2 лажички сенф
  • 50 мл. маслоново масло

Подготовка

Загрејте ја рерната на 220 степени. Излупете ги компирите и исечете ги на крупни парчиња. Во еден длабок сад измешајте ги компирите со масло и зачинете со сол и бибер. Префрлете ги во плех и печете ги 35-40 минути додека да добијат светло кафеава боја. Повремено промешајте ги и превртете ги во плехот.

Потоа извадете ги од рерна и оставете ги 20 минути да се изладат. Во меѓувреме подгответе го преливот. 

Во еден сад измешајте оцет, мед, сенф и масло. Зачинете со сол и бибер и добро промешајте ја смесата. Можете да употребите и блендер. 

Ставете ги компирите во длабок сад и измешајте ги со магдонос и копар. Одозгора додадете го преливот од мед и сенф. Послужете ги веднаш. На здравје!

1 февруари 2013 - 07:00