За љубители на сирење

Моцарела стапчиња

Рецепт за вкусно панирано сирење со прелив по желба.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 220 гр. лебни трошки
  • ¼ лажичка сол
  • ¼ лажичка бибер
  • 1 лажичка сув магдонос
  • 250 гр. моцарела сирење
  • 1 јајце
  • 100 гр. брашно
  • масло за пржење

Прелив

  • 150 гр. мајонез
  • 25 гр. кечап
  • ¼ лажичка босилек
  • ¼ лажичка оригано
  • 2 лажици бело вино
  • ½ лажичка сенф

Подготовка

Во еден сад измешајте ги лебните трошки со сол, бибер и сув магдонос. Во друг сад изматете го јајцето. Моцарела сирењето исечете го на околу 16 стапчиња. Панирајте ги стапчињата во брашно, јајце и на крај во лебни трошки. Потребно е стапчињата да се целосно обложени со смесата за панирање. Наредете ги панираните стапчиња во еден сад и ставете ги во замрзнувач најмалку половина час.
Загрејте масло во тава на среден оган. Ако имате фритеза можете да ја употребите за пржењето.

Извадете ги Моцарела стапчињата од замрзнувач и веднаш пржете ги. Кога ќе добијат златно жолта боја, по околу 2-3 минути вадете ги внимателно на чинија обложена со хартиена салфета. Послужете ги топли со прелив по желба.
Ви предлагаме два преливи со Моцарела стапчињата. Во еден сад измешајте 50 гр. мајонез со 25 гр. кечап и ¼ лажичка оригано. За вториот прелив во сад измешајте 100 гр. мајонез, ¼ лажичка босилек, ½ лажичка сенф и 2 лажици бело вино. Добро измешајте ги состојките за да се соединат.
Пријатен апетит!

3 август 2012 - 20:30