Вкусна закуска

Мини пити со домати и песто

Мини пити од лиснато тесто со домати и песто сос.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
12 мин.

Вкупно време:
22 мин.

Порции

24 парчиња

Состојки

  • 6 мали домати
  • замрзнато лиснато тесто
  • 1 белка од јајце лесно изматена
  • 70 гр. песто од босилек

Подготовка

Загрејте ја рерната на 220 степени. Намачкајте со малку масло едно тавче за мафини до 12 калапи. Исечете 24 кружни парчиња од хартија за печење. Обложете ги калапите.
Исечете ги доматите на кругови. Во секој калап ставете по едно парче домат. Со мал филџан исечете 24 кружни парчиња од лиснатото тесто. Намачкајте ги од едната страна со белка од јајце. Поставете по едно парче врз доматите. Печете ги во рерна 12 минути.
Потоа извадете ги од калапите и превртете ги врз чинија за сервирање. Одстранете ја хартијата за печење. Додадете по малку песто сос врз доматите. Посолете со сол и бибер. Повторете ја постапката со остатокот од тестото и доматите.
На здравје!

22 февруари 2013 - 19:08