За љубители на колбаси

Медитерански хотдог

Американски специјалитет на медитерански начин.

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
15 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 колбаси по ваш избор
  • 70 гр. павлака
  • 2 лажички сок од лимон
  • 1 лажица сецкано нане
  • сол и бибер
  • 2 лажици сенф
  • 1 голем багет леб
  • 4 листови зелена салата
  • 50 гр. домати од конзерва (пелати)

Подготовка

Загрејте ја скарата на среден оган. Печете ги колбасите со повремено вртење, околу 10 минути. Потоа префрлете ги во чинија и покријте ги за да останат топли.
Во меѓувреме во чинија измешајте павлака, сок од лимон и нане. Зачинете со сол и бибер по вкус.
Поделете го багет лебот на 4 дела и засечете го попречно со остар нож за да направите сендвичи. Намачкајте го секое лепче со 1/2 лажичка сенф. Ставете лист зелена салата во багет лепчето, додадете колбас и сецкани пелати.
Послужете го хотдогот веднаш со една лажица павлака како прелив.

5 март 2013 - 07:00