Викенд доручек

Мафини со шунка

Вкусен рецепт за солени мафини со шунка и млад кромид.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

48 парчиња

Состојки

  • 250 гр. брашно
  • прашок за пециво
  • 1 лажичка шеќер во прав
  • сол и бибер
  • 2 главици млад кромид ситно сецкан
  • 150 мл. млеко
  • 1 јајце, изматено
  • 100 мл. масло
  • 100 гр. шунка, ситно сецкана
  • 200 гр. рендан кашкавал
  • 125 гр. замрзната пченка

Подготовка

Сварете ја пченката во теџере зовриена вода, или на пареа, по желба.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Намачкајте со малку масло две тавчиња за мали мафини (со 24 калапи).
Измешајте во еден сад брашно, прашок за пециво, шеќер, кромид, шунка и сварената пченка. Додадете изматено јајце, млеко, масло, сол и бибер и замесете ја смесата. Поделете го тестото со лажичка во калапите за мафини.
Печете ги во загреана рерна 20 минути додека да добијат златно жолта боја. Оставете ги печените мафини околу 5 минути пред да ги извадите од калапите.
Можете да ги послужите топли или ладни.

3 март 2013 - 14:52