Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
5 мин.
Вкупно време:
15 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1 црн патлиџан
- 3 лажици маслиново масло
- 100 гр. рендан пармезан
- 4 лажици мајонез
- 2 чешниња лук, ситно сецкан
- копар, оригано, босилек
- сол и бибер
Подготовка
Исечете ги црните патлиџани на кругови. Намачкајте ги со маслиново масло и зачинете ги со сол и бибер.
Печете ги на загреан тост или скара додека да омекнат, околу 5 минути.
Измешајте го сирењето со сецканиот лук, мајонез и бибер. Исечете ги црвените домати на кругови.
Наредете ги печените модри патлиџани на чинија за сервирање. Наредете врз секој патлиџан по едно парче црвен домат. Додадете одозгора по една лажичка од смесата со пармезан.
Зачинете го предјадењето со мешавина од зачини по желба. Предлагаме копар, оригано и босилек.
Пријатен апетит!