Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 2 лажички масло
- 3 парчиња сланина, ситно сецкана
- 4 главици млад кромид, ситно сецкан
- 200 гр. смрзнат грашок, пченка и морков
- 1 сецкана црвена пиперка
- 1 јајце, изматено
- 450гр. ориз
- 1 лажица кечап
Подготовка
Варете го оризот околу 15 мин. во тенџере вода на рингла на среден оган, посолен по вкус.
Загрејте масло во вок тава на посилен оган. Пржете ги сланината и кромидот 3-4 минути.
Додадете ги во тавата грашокот, пченката, морков и пиперка и пржете ги 1 минута. Додадете изматено јајце и пржете 1 минута. На крај додадете го сварениот ориз и пржете ги уште 3 минути.
Поделете го оризот со зеленчук во чинии и послужете го веднаш.