Време на подготовка:
3 мин.
Време на готвење:
12 мин.
Вкупно време:
15 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1 л. супа од коцка пилешка
- 1 морков ситно сецкан на кручиња
- 2 лажици лимонов сок
- 15 гр. магдонос крупно сецкан
- 1 јајце изматено
- сол и бибер
- фиде
Подготовка
Ставете ја супата од коцка и морковите во тенџере и оставете ја да зоврие на висока температура. Додадете фиде по желба и гответе на средна температура 11 минути.
Тргнете го тенџерето од рингла и додадете го магдоносот, лимоновиот сок, сол и бибер. Разматете го јајцето во сад со малку од топлата супа. Додавајте го јајцето во супата постепено со постојано мешање.
Сервирајте веднаш со парчиња потпечено лепче.