Супи

Супа од пиперка на скара

Вкусна супа од печени пиперки и маслинки.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 5-6 црвени пиперки
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 чешниња лук ситно сецкани
  • 500 мл. зеленчукова супа од коцка
  • 400 гр. домати од конзерва ситено сецкани
  • 1 лажичка шеќер
  • сол и бибер
  • 5-6 маслинки, црни
  • 70 гр. кубети

Подготовка

Зовријте 500 мл. вода во тенџере на рингла на силен оган и во неа сварете 1 коцка зеленчукова супа.

Во меѓувреме загрејте електрична скара и испечете 5-6 црвени пиперки. Излупете ги пиперките и изблендирајте ги за да добиете пире.

Во тава на силен оган со лажица масло пропржете го лукот 1 минута. Додадете го пирето од пиперки, супата, сецканите домати и шеќер. Промешајте и кога ќе зоврие намалете го огнот на тивко и варете ја супата уште 6 минути. Зачинете ја со сол и бибер по вкус.

Во блендер измешајте 5-6 маслинки без семки.

Послужете ја топлата супа со кубети и малку пире од маслинки.

На здравје!

19 февруари 2013 - 08:01