Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1 маслиново масло
- 50 гр. путер
- 1 чешне лук, сецкан
- 1 главица праз ситно сецкан
- 1 лажичка мајчина душица
- 400 гр. свежи печурки, сецкани (предлагаме шампињони)
- 200 гр. вргањ
- 600 мл. пилешка супа од коцка
- 2 лажици соја сос
- 200 мл. хопла
Подготовка
Во тенџере со 600 мл. вода сварете една коцка пилешка супа.
Загрејте масло и половина од путерот во голема тава на слаб оган. Пржете ги лукот, празот и мајчината душица 3-5 минути со постојано мешање.Додадете ги сецканите шампињони, соја сос и приготвената супа од коцка. Зголемете ја јачината на ринглата и зовријте ги.
Потоа намалете ја ринглата и оставете ги печурките да се сварат окоул 5-8 минути.
Тргнете ја тавата од оган. Со блендер изматете ја супата за да добиете кремаста смеса.
Потоа додадете хопла, зачинете со сол и бибер и вратете ја супата на рингла на слаб оган.
Во меѓувреме во тава загрејте го остатокот од путерот и испржете го вргањот.
Послужете ја супата топла во чинија декорирана со 1-2 капки маслиново масло и пржен вргањ.
На здравје!