Крем супи

Крем супа од компир и праз

Вкусен рецепт за крем супа од компири и праз со павлака и кисело млеко.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
60 мин.

Вкупно време:
1ч. 20 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 лажици путер
  • 3 главици праз, ситно сецкани
  • 1 главица кромид, сецкан
  • 5 компири, излупени и исецкани
  • 800 мл. пилешка супа од коцка
  • 100 мл. кисело млеко
  • 50 мл. павлака
  • 70 мл. млеко
  • сол и бибер

Подготовка

Пржете го кромидот и празот со 2 лажици путер во длабоко тенџере на среден оган. По 10 минути готвење додадете ги компирите. Додадете пилешка супа за да ги облиете компирите. Варете ги компирите додека да омекнат. Потоа целата смеса измешајте ја во блендер. Вратете ја смесата во тенџерето на намален оган. Додадете кисело млеко, павлака, млеко сол и бибер. Добро измешајте и оставете ја супата да се готви уште 20 минути.
Послужете ја супата топла, декорирана со лажичка павлака и препечен леб.

21 септември 2012 - 07:00