Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
25 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1кг домати
- 1 чешне лук
- маслиново масло
- 1 лажица кафеав шеќер
- сол и бибер
- 4 лажици сецкани ливчиња босилек
- 1 1/2 лажица вински оцет
- 4 парчиња препечен леб
- 250гр. моцарела
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Исецкајте ги доматите и лукот во голема тава и додадете 1 лажица маслиново масло. Печете ги 25 минути. Потоа оставете ги малку да се изладат.
Изматете ги печените домати и лук во блендер заедно со кафеав шеќер, босилек (оставете неколку ливчиња за декорација), оцет, сол и бибер по вкус и 60мл. маслиново масло.
Испечете 4 парчиња леб на скара или на тост.
Послужете ја супата од домати заедно со парчиња моцарела сирење и декорирајте со ливчиња босилек.